ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димовски: АНБ ги презема неопходните мерки за организирано и безбеднo прифаќање на цивилно население од Авганистан

Агенцијата за национална безбедност согласно последниот ребаланс на буџетот на пат е да ја реализира најзначајната обврска од реформскиот процес, физички да се одвои од Министерството за внатрешни работи.

Директорот на АНБ Виктор Димовски во интервју за МИА вели дека особено е горд на реализацијата за кадровска обнова со млади и високо едуцирани кадри преку склучените меморандуми за соработка со нашите универзитети и дека првите десетмина од редот на најдобрите студенти, првенци на генерација веќе отпочнаа со обука за работа во Агенцијата.

Минатата година Агенцијата покрај успешните акции на планот на спротивставување на тероризмот и насилниот екстремизам во Кумановско-Скопскиот регион, успешно спровела акција во која беа откриени и процесирани припадници на четири криминални групи кои изработувале и продавале лажни негативни ПЦР-тестови што претставува сериозна закана по јавното здравје, а со тоа и на безбедноста на нашите граѓани.

Агенцијата, вели Димовски за МИА, ги презема неопходните мерки и оперативни активности за организиран и безбеден прифат на цивилно население од Авганистан, како и за навремено превенирање и спречување од можни закани и ризици. Според него, пласирањето на лажни вести и дезинформации кои имаат за цел да всејат страв и паника кај граѓаните е да разгорат национализам и да дестабилизираат, но сепак, вели тој, ваквите активности и повици не наидуваат на очекуваниот одзив што зборува за зрелоста на нашите граѓани и нивната демонстрирана емпатија и подготвеност за солидарност./MIA/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button