ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДКСК го оспори пред Уставен суд Законот за коридорите 8 и 10Д

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ја достави до Уставниот суд Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, со посебен предлог за издавање времена мерка за стопирање на неговата примена се додека судот не се произнесе, потврдија за МИА од Антикорупциска.

Advertisements

За Законот, што веќе е објавен во Службени весник, од ДКСК по извршената антикорупциска проверка, оценија дека е со висок ризик за корупција и судир на интереси и во суштина го суспендира правниот систем во државата, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Сметаат дека донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса, ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.

– Нема јавен интерес каде има вакви политички мудрости, сплеткарења. Во функција на јавниот интерес треба отворено, транспарентно да се излезе пред народот и да се каже зошто и како се поставни работите, а не вака од скратена поскратена постапка да се донесува закон во Собрание што е од многу важно значење за целата држава, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button