ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДКСК за измените на Кривичниот законик: Сериозно се загрозува правната сигурност во државата

ДКСК за измените на Кривичниот законик: Сериозно се загрозува правната сигурност во државата

„Со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието на Република Македонија, и тоа со молскавична брзина, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој не се дозволува широка јавна расправа, експерстка дебата ниту анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение, сериозно се загрозува правната сигурност во државата“, велат од Комисијата за спречување на корупцијата (ДКСК).

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е изненадена и загрижена од ваквиот начин на донесување на законот, дотолку повеќе што во меѓувреме Министерството за правда побара од ДКСК да достави мислење по Предлог – законот за изменување и дополнување на Кривичниот законок, со рок за произнесување до 20 Септември 2023 година.

“Државната комисија за спречување на корупцијата  (ДКСК) смета дека со интервенциите во членовите 353, 353в и 394 не се придонесува кон зајакната борба против корупцијата и организираниот криминал, напротив, се зголемува ризикот од политички пазарења и трговија со влијание.Борбата против корупцијата и натаму ќе остане само декларативна“, велат од ДСКС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button