РЕГИОН

До 15 септември затворени копнените граници на Грција и забранет влез за државјани на трети земји


Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји, како и привремените ограничувања на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција, од денеска се продолжени за уште две седмици, односно до 15 септември 2020 година, согласно двете министерски одлуки објавени во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Новото продолжување на постоечките мерки го најави владиниот портпарол Стелиос Пецас во четвртокот одговарајќи на прашањето на МИА, а официјално ги соопшти заменик- министерот за цвилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција во петокот.

Станува збор за двете министерски одлуки, кои во текот на летото се продолжуваа на секои две седмици.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button