ЕКОНОМИЈА

До 30 отсто од работниците ќе останат без работа ако недела биде неработен ден, Стопанска комора: Оваа владина одлука да се преиспита

Градежниот сектор, прехранбената индустрија и Групацијата на спортски обложувалници стравуваат од огромни загуби и принудни откази на своите вработени доколку недела биде задолжително слободен ден за вработените. Градежниците предупредуваат дека реализацијата на капиталните инвестиции дополнително ќе се намали поради забавен континуитет на изведбата.

Advertisements

„Работниците можеби ќе се соочат со зголемен обем на работа во текот на работните денови, а ќе им биде одземено и правото на зголемена заработувачка со оглед на тоа што во недела се плаќа за 50 отсто зголемена дневница за разлика од обичен ден. Се прашуваме која е стратегијата за зголемување на личниот доход на работниците во овие услови во кои што 90 отсто од јавните набавки имаат критериум за добивање е најниска цена и се на граница на рентабилност“, изјави Андреа Серафимовски претседател на Здружението на градежништвото.

Доколку запре производството во прехранбената индустрија во недела, најмногу штета ќе почувствува производството на млеко и кондиторски производи, а проблеми во функционирањето ќе има и кај производителите на пиво и безалкохолни пијалаци. Новото правило ќе направи хаос во сменското работење во фабриките, тврдат бизнисмените.

„Доколку ваквото законско решение се прифати, компаниите предупредуваат дека една цела смена ќе биде вишок, што значи дека ќе доведе отпуштање на 25 отсто од вработените во компаниите“, рече Васко Ристовски Стопанска Комора.

Претставникот на спортските обложувалници вели дека нивната пресметка покажува пад на прометот за 70 отсто, бидејќи токму во неделите се случуваат најголем број на спортски натпревари. А според нив, граѓаните имаат навика да се обложуваат во слободното време, а не додека се на работа.

„Лиценцата овозможува да се работи 24 часа седум дена во неделата, што е и светска пракса. Со воведувањето на еден ден неработен се скратуваат 52 работни дена во текот на една година односно 156 работни дена во текот на траењето на лиценцата. Дали ова ќе значи и дека државата ќе треба да врати пари за веќе издадени лиценци“, нагласи Васко Илиевски Групација на спортски обложувалници.

Според Владата, целта на измените на Законот за работни односи е недела да биде ден за одмор за сите граѓани, освен за дејностите кои се од витално значење за функционирањето на државата и животот на граѓаните во неа.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button