ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните: „Артан Груби за популизам и гласови мие сокаци и дворови“

Го прават тоа за гласови, за гласови, за гласови. Излегле за да покажат дека – ете работиме. Додека не седнат таму каде што сакаат, потоа го заборават народот.

Вака граѓаните ја коментираат акцијата на вицепремиерот Артан Груби, кој синоќа им помагаше на вработените во комуналното претпријатие во Скопје при чистењето на сокаците во старата чаршија. Овој чин граѓаните го сметаат за популистички, што според нив, се прави за да се придобијат политички поени пред локалните избори кои се на есен.

Секогаш за избори излегуваат за да ги фатат местата, потоа сè заборават.

Народот знае, свесен е дека нема аир од нив. Тие ќе чистеле?! Министрите треба да ги организираат своите работи, има кој да ги чисти улиците, народот ги плаќа оние што треба да ги чистат, тие треба да се фокусираат само на својата работа. Мислам дека тоа е популизам.

Секоја година пред избори политичарите се најактивни.

Како што се приближуваат изборите, тие почнуваат да работат, како што завршуваат изборите, запираат. Што да правиме… Секој треба да си ја врши својата работа, вие имате работа, сте излегле за да го направите ова, министрите не треба да излегуваат, тие треба да си ја вршат својата работа.

Директорот на комунална хигиена Абулсамет Шабани ја оправдува оваа акција на вицепремиерот велејќи дека така се зголемувала свеста кај граѓаните.

Дали треба само еднаш годишно, само кога има празник, Бајрам, Велигден или избори и се промовира миењето на улиците или улиците треба да се мијат и да се чистат секој ден, како во секоја нормална земја во Европа?

Нашите тимови работеа секоја вечер, особено во ноќната смена, но времето со полицискиот час го направи своето затоа што имаше помало движење и нашите тимови повеќе се забележуваат.

Поради празникот Бајрам и состојбата со пандемијата, Комунална хигиена во соработка со Скопското муфтиство ги чистеше и дезинфицираше дворовите на верските објекти.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button