ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До 6 јуни распуштање на Советот на Тетово, па нови локални избори

Две недели откако Министерството за локална самоуправа ја извести Владата дека Советот на општина Тетово не ја усвоило завршната сметка во рокот предвиден со закон, Владата сè уште не одговара како треба да постапи локалната самоуправа. Премиерот вели дека ги собираат сите потребни документи.

На 6 јуни истекува рокот до кога Владата треба да донесе одлука за распуштање на советот на општина Тетово. Потоа би почнале процедури за нови локални избори, но само за нови советници. Состојбата во Тетово ескалираше по несогласувањата што ги создаде листата „Подобро за Тетово“ со останатото мнозинство на советници за првата точка од дневниот ред за сечењето на дрвата на улицата Страшо Пинџур. Мнозинството во Советот го сочинуваа Беса, Алијансата за Албанците, Алтернатива, листата „Подобро за Тетово“ и ВМРО-ДПМНЕ.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button