ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

До крајот на оваа недела се очекува Владата да ги донесе мерките за сите ранливи категории граѓани

До крајот на оваа недела се очекува Владата да ги донесе мерките за сите ранливи категории граѓани. Тогаш точно ќе се знае кој се ќе биде опфатен и колку месечна ќе биде поддршката, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Како што информира министерката, се работи и на решението за минимална пензија но, со оглед дека е комплексно, најверојатно нема да биде готово до крајот на овој месец.

-Да, се дискутира и за мерките што треба да ги предложи Работната груба, ги предложија всушност до Владата за да ги поддржиме и особено пензионерите со ниски пензии, а се работи секако и на едно системско решение за предлог-закон, предлог-одредби за утврдување на минималната пензија. Меѓутоа, не очекувам дека многу бргу, дека до крајот на овој месец ќе се донесе некакво решение зашто, сепак, тоа е комплексно прашање со кое се регулира минимална пензија. Ќе продолжи Работната група, а мерките за сите ранливи категории граѓани очекуваме до крајот на оваа недела да бидат донесени од страна на Владата, рече Тренчевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button