ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Дочекот на Новата година поскромен од вообичаено

Дочекот на Новата година ќе помине поскромно од вообичаено поради намалената купувна моќ. Висината на платите на граѓаните стагнираат а цените на прехранбените производи сериозно пораснаа. Она што порано беше традиционално и неизбежно за новогодишната трпеза сега стана луксуз. Повозрасните граѓани велат дека ќе набават храна без претерувања и правење непотребни трошоци. Поради пандемијата поголемиот дел од оние кои ги анкетираше Алсат рекоа дека новата 2022 година ќе ја дочекаат дома со најблиските.

„Со фамилијата, скромно, дома. Претпоставувам дека така ќе биде и со останатите луѓе“, вели една граѓанка.

– Каква ќе биде трпезата?
„Свинско, руска, кифли“…

– Што најмногу е поскапено?
„Месото, мајонезот еве сега видов, беше 124, сега 139 денари“, велат граѓаните.

„Поради пандемијата сѐ ќе си биде во домашни услови…“

„Ако имаш пари ќе славиш, ако не нема….

– А, има ли пари?
„Има, како нема, децата ми се во странство, има, ќе славиме. Дома ќе си прославиме“, вели еден наш сограѓанин.

За разлика од повозрасните, младите луѓе кои ги затекнавме денеска по скопските улици велат дека журка за Нова година мора да има. Од пандемијата велат дека не се плашат. За убаво да си поминат потребни им биле над две илјади денари.

Цените на основните прехранбени производи владата ги замрзна со цел дополнително да не се зголемат животните трошоци на граѓаните. Но најголемиот дел од производите коо досега ги набавувале граѓаните сега се продаваат по многу повисоки цени. Официјалните податоци велат дека за една година потрошувачката кошничка е поскапа за 1000 денари.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button