ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Додека Чаир чека катни гаражи, возилата на тротоар, а пешаците секако – на улица

Да се пешачи по тротоарите во општина Чаир без разлика дали на булеварите или по тесните улички е навистина сон. Тротоарите се најдоброто решение за паркирање на возилата.

Advertisements

Граѓаните се револтирани. Велат дека се чувствуваат загрозени бидејќи се принудени да пешачат на улиците.

Од општина Чаир постојано велат дека преземаат мерки. Но, за изградба на ветените катни гаражи, го повторуваат ставот од пред неколку години, чекаат да бидат завршени соодветните постапки.

„Изградбата на катни гаражи не може да започне без завршување, без одобрување на деталниот урбанистички план што е испратен до Градот Скопје и Министерството за транспорт и врски. Според последните информации од урбанизам, се очекува одобрување на овие детални урбанистички планови на крајот на ноември. После тоа може да започнеме со процесот на реализација или изградба на катни гаражи.“

Во врска со паркирањето по тротоарите и булеварите кои се во надлежност на Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов вели дека оваа појава се решава бавно бидејќи било последица на лошото урбанистичко 30 годишно планирање.

Шилегов додава дека во градот Скопје поминале два урбанистички планови на Општина Чаир кои предвидуваат катни гаражи, една во населени места, друга зад Пластичарската улица. Од Министерството за транспорт и врски велат дека добиле два детални урбанистички планови за катни гаражи, но сè уште не можеле да дадат согласност за нив бидејќи требало да се усогласат со законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање.

Mefial

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button