ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Додека наделжните се допишуваат, граѓаните се лекуваат во лоши услови

Конфликт меѓу општина Бутел и Министерството за здравство

Општина Бутел и Министерството за здравство, треба да најдат заеднички јазик за модуларната поликлиника во оваа општина. Општината останува на ставот дека ваквите објекти треба да се дислоцираат, за да се ослободи простор за реализација на проектот за изградба на поликлиника од темел, како што им треба на жителите на Бутел. Исто така, од општината рекоа дека до денес немаат добиено никаков одговор од Министерството за здравство, и покрај многуте барања кои се направени.

Од Министерството за здравство за Алсат велат дека не планираат да ги дислоцираат овие објекти, но според ова министерство истите наскоро ќе бидат пуштени во употреба, откако ќе завршат работите поврзани со јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Во овој период, жителите на Бутел добиваат здравствени услуги во објектот на Здружението на пензионери. Тие се револтирани од условите во овој објект.

Како што рекоа лекарите, тие речиси една година работат во пензионерскиот дом, соочени со тешки услови за работа. Парцелата каде што се наоѓаат модуларните објекти се наоѓа веднаш до општина Бутел.

Првично беше планирано таму да се гради објект, но потоа здравствените власти процениле дека за модуларна поликлиника ќе биде потребно помалку време за изградба, помалку финансиски средства, и ќе понуди енергетска ефикасност./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button