РЕГИОН
Дојава за поставена бомба го затвори аеродромот во Софија

Поради анонимна дојава за поставена бомба од утрово беа затворени двата терминала на аеродромот во Софија, јавија бугарските медиуми.
Аеродромот бил алармиран околу девет часот по локално време, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор.
Затоа биле евакуирани луѓето и од двата терминала, соопшти прес-центарот на Министерството за внатрешни работи кое спроведува истрага.
Дел од бугарските медиуми јавуваат дека околу 10:30 часот аеродромот е повторно отворен, а експлозивна направа не е пронајдена.