ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Доказите за злоупотреби на Онкологија доставени до министерот

По неколку обиди, медицинската сестра Маја Јакимова беше примена на средба кај новата директорка на Онкологија и актуелниот организациски директор – ѝ било ветено дека ќе ѝ бидат исплатени сите дополнителни одработени часови, не само на неа, туку на целиот персонал.

Advertisements

Новата директорка Виолета Клисаровска чека потврда од Фондот за здравство за да може да ги изврши плаќањата.

Министерот за здравство Беким Сали рече дека го чека новиот интерен извештај инициран од новата директорка, за шемата за препродажба на скапите лекови и рече дека целото досие ќе го достави до Обвинителството. Министерот рече дека ќе ги испита доказите објавени на Алсат за злоуоупотреби со терапиите, кои според наши информации биле доставени до Кабинетот на министерот иако тој го тврди спротивното.

“Прво треба да докажеме дали тоа навистина се случило на Клиниката за онкологија, едно се изјавите што ги слушнавме, но не сме добиле материјали. Врз основа на тоа што се зборува во јавноста презедовме мерки за утврдување на фактичката состојба во самата клиника, и доколку се докаже ќе го доставиме до Обвинителството“, рече министерот Сали.

По наводите дека со ексклузивен потпис на двајцата директори се одредува кој ќе ги добива скапите биолошки терапии против ракот, сега директорката нареди за секој пациент да се добие конзулијарно мислење од специјалисти онколози и заеднички да одлучат кои пациенти треба итно да се лекуваат.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button