МАКЕДОНИЈА

На лицата со попреченост над 65 години државата не им дава помош

Во рок од две години во 10 центри за социјална работа на 23 лица со попреченост им било одбиено барањето за обештетување поради наполнети над 65 години. Ваквиот услов, според народниот правобранител е дискриминаторски и претставува извор на прекршување на слободите и правата на граѓаните. Покренал и иницијатива за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита.

„Станува збор за член 44 став 2 кој го регулира правото на поднесување барање за надомест на штета на лицата кои имаат пречки, без разлика дали се психички или физички. Оваа одредба го ограничува правото на аплицирање на возраст од 65 години. Како одредба, таа е дискриминаторска за граѓаните по возраст, бидејќи по овој период граѓанинот нема право да поднесе такво барање. Според природата на болеста, најчесто се појавуваат во поодмината возраст кога граѓанинот не може да ги задоволи основните потреби за нормален живот“, вели Насер Зибери, народен правобранител.

Во врска со овој закон, граѓанин од Прилеп и Институтот за човекови права од Скопје поднеле иницијатива до Уставниот суд, кој за неа ќе се произнесе следната среда.

„Предметот ќе биде на следната седница. Ќе се гласа директно бидејќи расправата е исцрпена. Кога беше на дневен ред немаше мнозинство, бидејќи во тој период немавме доволен број судии. Уставниот суд изрази сомневање за уставноста и законитоста на оспорениот член“, велат од Уставниот суд.
На оваа одлука чека и Министерството за труд и социјална политика.

„Министерството за труд и социјална политика го извести Народниот правобранител дека ќе постапи врз основа на конечната одлука на Уставниот суд“, наведуваат од Министерство за труд и социјална политика.

Според член 44 од Законот за социјална заштита, надоместокот за инвалидитет се обезбедува за поттикнување на социјалното ангажирање и за еднакви можности. Надоместокот може да се зема од 26 до 65 годишна возраст.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button