ВЕСТИЗДРАВСТВО

Здравствените работници на протест! „Европски плати за нив, европски плати и за нас“

„Европски плати за нив, европски плати и за нас“. Ваквo барање испратија здравствените работници кои протестираа во повеќе градови во земјава. Главниот протест се одржа пред Министерството за здравство, каде синдикалците побараа повисоки плати и потпишување на анекс на колективниот договор.

„За да имаме вистинско здравје, вистински кадар, тој кадар треба да биде обезбеден со големи плати, бидејќи во повеќето случаи поради незадоволство од нашите плати доаѓаме до моментот кога медицинскиот персонал заминува од ова место“, рече Џеват Салија, Самостоен синдикат на болницата „Ферид Мурати“ Гостивар.

Покрај Скопје, претставниците на Синдикатите за здравство протестираа и пред здравствените домови во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Битола, Струмица, Велес, Свети Николе и други градови. Од Здружението на лекари пред неколку дена рекоа дека годишно од земјава заминуваат околу 250 лекари.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button