МАКЕДОНИЈА

Донација на САД на граничниот премин Ќафасан

На граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница денеска беше презентирана опрема во вредност од 100.000 долари. Неа владата на САД, преку програмата на УСАИД, им ја донираше на царинските управи на двете држави за да се олеснат прекуграничната соработка, трговијата и транспортот. Станува збор за разни мобилни скенери и камери. На настанот присуствуваа и амбасадорките на САД во Скопје и Тирана, Кејт Мери Брнз и Јури Ким.

„Овој граничен премин e важен пример бидејќи е на Коридорот 8, стратешки правец што го поврзува регионот од Црното Море до пристаништето Драч, од земја членка на ЕУ, до аспиранти за членство во ЕУ. Коридорот 8 е приоритет на Владата на Северна Македонија и исто така треба да се гледа како приоритет и за регионот…“, рече Кејт Мери Брнз-Амбасадорка на САД.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button