ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Доставата на вакцини од Србија се одложува за следните денови

Заради потребата од усогласување на техничка документација се одложува за следните денови доставувањето на вакцините од Србија, се наведува во соопштението од владината прес – служба.
– Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за денеска, на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме, се наведува во соопштение од Владата до медиумите.
Антиковид-вакцините на „Фајзер“ кои ни ги отстапи Србија, а неколку недели чекаа на одобрение од производителот за да влезат во земјава ќе бидат првите 8000 со кои и кај нас ќе почне имунизацијата.

Во текот на следните денови се очекува и испорака на нови 200 илјади дози на вакцини од Кина, за кои беше потпишан договор во понеделникот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button