ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дождот го забрза гаснењето на пожарите низ Македонија

За разлика од вчера, кога беа активни десетици пожари, денеска нема неконтролиран и опасен пожар на територијата на нашата земја. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, фактор за ова се временските промени што се случија вчера попладне.

Од ЦУК велат дека пожарот во околината на Петровец е целосно изгаснат, додека во Сарај односно кај селото Раховиќ, тој е значително победен иако и понатаму има жаришта кои треба да се држат под контрола. Поради тоа претставници на ЦУК со специјални единици со француски експерти излегоа на терен за да извршат мониторинг на теренот. Изгаснати се и пожарите во прилепскиот регион. Како што соопштија од ЦУК, утрово имало пожар кај Владимирово и Русиново, но со брза интервенција, бил изгаснат. Земјава беше зафатена од бран пожари од почетокот на август, а најзагрозени беше Пехчевско-Делчевскиот регион.

Пожарникарски единици од Бугарија, Словенија, Австрија и француски експерти дојдоа да помогнат на теренот, додека Романија помага да се гасне од небо. Неколку денови дејствуваа и хеликоптери од Србија. Од пожарите регистриран е само еден повреден пожарникар и тоа од Австрија, кој се здоби со сериозни повреди, но е надвор од животна опасност.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button