ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Друштвена игра стара 1.700 години

Дозволете ни да ви претставиме една од друштвените игри што старите Римјани ги играле пред 1.700 години. Играта се вика ludus latrunculorum, а изгледа дека една верзија од неа е откопана од могила во Норвешка.

Пронајдокот се состои од 19 дела за играње, вклучително и издолжена коцка која повеќе изгледа како инструмент за пишување отколку како малите коцки што ги користиме денес. Се смета дека оваа игра била слична на шах, дама или табла, а играчите биле вовлекувани во предизвик на воени тактики.

Наоѓалиштето Итре Фросе во Западна Норвешка датира од раното железно време, околу 300 година н.е., и се наоѓа до важна морска маршрута позната како „Нордвеген“ или „Северен пат“. Некои научници мислат дека била толку важна, што е можно и Норвешка да го добила името по неа.

Многу ретко археолозите наоѓаат големи сетови со делчиња како што е овој во Скандинавија, но локацијата на пронајдокот би можела да даде објаснение за тоа како играта се нашла таму – можеби била начин за социјализација или губење време на трговците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button