
Законското зголемувањето на минималната плата за плус 200 денари, според видувањето на Владата е историски чин, но за синдикатите тоа е најголем апсурд. Законското усогласување на минималната со просечната плата ги скара синдикатите и властите. Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека сега не било време за повисоко зголемување.
„Ние вчера имавме исторски момент, а тоа е дека јас сум поборник на консултации и изнаоѓање на консензус на сите чинители во опшеството, вкучувајќи ги и синдикатите, рабододавачите, вкучувајќи го секој еден граѓанин…“, рече Фатмир Битиќи- Вицепремиер задолжен за економски прашања.
Но, синдикатите бараат Владата да го зголеми минималецот на 16.900 денари за да се постигне 60 проценти од износот на просечната плата. Но, власта тоа го одбила.
„Морам да кажам дека синдикатите вчера беа екплицитно против таквата одлука и мислам да зборуваме за зголемување за 200 денари на минималната плата во ек на оваа пандемија, каде работникот е осиромашен е смешно…“, вели Благоја Ралповски- Конфедерација на слободни синдикати.
Од организацијата на работодавачи за Алсат велат дека гласале „За“ зголемување на минималецот бидејќи и да гласале против, никако не можеле да влијаат врз законското усогласување на минималецот.
Организација на работодавачи:
„Организацијата на работодавачи гласаа ЗА, а синдикалните претставници ПРОТИВ. Економски-социјалниот совет е колективно советодавно тело на Владата и тој дава само совети и мислења до Владата и не може никој член во ова тело да блокира закони.“
Според постоечкиот закон, усогласувањето на просечната плата со минималната се случува секој март во годината. Сега минималецот ќе изнесува 15.200, а просечната 28.272 денари.
Андреа Чобанова