МАКЕДОНИЈА

Блокираното Собрание ја прекина кризната состојба на јужната и северната граница

Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница, а поврзана со мигрантската криза, заврши синоќа на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница. Поради тоа претседателот Пендаровски денеска му нареди на Началникот на Генералштабот, Васко Ѓурчиновски да постапи согласно со новонастанатата ситуација. Армијата останува ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата, онаа поради пандемијата од Ковид-19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button