МАКЕДОНИЈА

Државјани на С Македонија и Турција фатени во шверц на злато и сребро на бугарски граничен премин

Окружното обвинителство во Хасково поднесе обвинение против државјанин на Турција и на Република Северна Македонија за шверц на златен и сребрен накит вреден 226.902 лева преку граничниот премин Капетан Андреев, соопшти прес-службата на државното обвинителство.

Случајот е од 29 октомври со автобус што сообраќал од Турција преку Бугарија до Република Северна Македонија. Во автобусот цариниците пронашле 26 пакувања накит со вкупна тежина од 4,147 кг.

Шверцуваниот златен и сребрен накит е запленет, а против Возачот на автобусот А.Б. (50) е поднесена кривична пшријава, пренесе БТА. 
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button