ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државниот пазарен инспекторат спроведува сеопфатна акција на целата територија на државата

Државниот пазарен инспекторат спроведува сеопфатна акција на целата територија на државата

На територија на државата извршени се околу 50 контроли во текот на 16 и 17 март во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор. Ветивме борба со криминалот, ветивме истрага на сите актуелни состојби,изјави попладнево Марија Митева, портпаролка на Владата.

Advertisements

Премиерот Христијан Мицкоски вети дека ќе има нулта толеранција, односно оној што не исполнува макар еден стандард нема да биде оставен да функционира и ќе бидат санкционирани.

Државниот пазарен инспекторат досега направил контрола на 40 објекти низ целата држава. Според извештај на Министерството за економија, вкупно 22 објекти во моментов имаат важечки лиценци. Осумнаесет за кабаре, две за дискоклуб и, исто толку, за дискоклуб на отворено. Од министерството велат дека имаат и пет барања за лиценца кои се во процедура./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button