ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ бара Инспекторатот за употреба на јазиците да продолжи да функционира независно

ДУИ бара Инспекторатот за употреба на јазиците да продолжи да функционира независно

Демократската унија за интеграција реагира на измените на Законот за инспекциски надзор со кои се отстранува правниот статус на инспекторатите и стануваат составен дел на министерствата. Според ДУИ, тоа не треба да се случи со Инспекторатот за употреба на јазиците, бидејќи неговата работа е регулирана со два посебни закона – Законот за употреба на јазиците и Законот за инспекторатот за употреба на јазиците, кои јасно го дефинираат овој инспекторат како правно лице.

Advertisements

„Владата и Министерството за правда немаат правна основа да го стават овој инспекторат под целосна потчинетост на министерството и мора веднаш да се погрижат оваа институција да продолжи да функционира самостојно, како што е предвидено со закон. Секој обид за намалување на независноста на Инспекторатот за употреба на јазиците ќе се смета за напад на јазичните права на албанските граѓани и чекор наназад во почитувањето на јазичната еднаквост загарантирана со Уставот и Охридскиот договор“, велат од Демократска унија за интеграција.

Според последните законски измени, инспекторатите нема да бидат самостојни правни субјекти, туку ќе работат како органи во министерствата и нема да имаат свои буџетски сметки. Инспекторатите исто така нема да можат самостојно да спроведуваат постапки за јавни набавки и вработување, ниту да одлучуваат за правата и обврските кои произлегуваат од работниот однос. Ова, според Владата, се прави со цел да се зајакне улогата на министерствата во однос на надзорот над законите кои се во нивна надлежност. /Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button