ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ без коментар за дисциплинската против Талат Џафери за пцуењето

Собранискиот спикер Талат Џафери и неговиот кабинет неколку дена по ред не ја коментираат аудио снимката на која се слуша како шефот на законодавниот дом пцуе и навредува вработени во оваа институција. Џафери не ја коментира ниту иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за дисциплинска постапка против него, која се заснова на кршење на етичкиот кодекс на пратениците. Тој молчи, а неговата партија нема да го коментира случајот, додека не го чуе ставот на Џафери.

„Не сме имале ваква средба во партијата и за овие прашања треба да се обратите до претседателот на Собранието и да го добиете неговиот став. Го познавам претседателот на Собранието господинот Талат Џафери. За нас тој е човек кој секогаш се однесува како педагог и секогаш нè учи на најдобро однесување. Како дошло до таа ситуација, дали е изваден од контекст, не можам да коментирам, додека не ја слушнеме и втората страна“, вели Висар Ганиу, ДУИ.

Пратениците на СДСМ ќе ја следат процедурата против Џафери и ќе гласаат врз основа на податоците што ќе бидат дадени во текот на расправата.

ВМРО-ДПМНЕ поведе постапка во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и предложи пратеници кои се подготвени да сведочат за однесувањето на Талат Џафери. Останува да се потврди веродостојноста на објавените материјали за кои се тврди дека се снимки од пренос на собранискиот канал.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button