ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ и општина Тетово се судрија за семафори

Отсуството на вертикална сигнализација на булеварот „Благоја Тоска“ предизвика реакција на огранокот на ДУИ во Тетово. Тие ја обвинија општината дека и покрај големиот број сообраќајни несреќи што се случуваат на оваа крстосница, општината сè уште не поставува семафори.

„Поминаа шест месеци откако булеварот Благоја Тоска е пуштен во употреба без согласност од МВР и без процедури предвидени со закон. Според сообраќајните правила, треба да се изврши увид и да се добие дозвола од СВР, но општина Тетово тоа не го направила што значи дека оваа општина не се грижи за безбедноста на граѓаните. Поради тоа на оваа крстосница се зголемува бројот на сообраќајни несреќи. Граѓаните секојдневно се во опасност, а општина Тетово не презема ништо за поставување на семафори или кружен тек“, рече Шпреса Ќазими, општински советник, ДУИ.

Општина Тетово ги отфрла ваквите обвинувања до ДУИ. Вината ја префрла врз Секторот за внатрешни работи во Тетово.

„Ги отфрламе обвинувањата дека овој булевар е пуштен без исполнување на условите бидејќи знаците го регулираат сообраќајот на оваа улица. Од друга страна, ве известуваме дека тендерската постапка за поставување и одржување на семафорите е завршена и тие наскоро ќе бидат готови со план за промена на сообраќајот на овој патен правец кој е меѓу најфреквентните. По завршувањето од оваа постапка ќе биде потребна согласност од СВР за поставување вертикална сигнализација. Оние кои тераат дневна политика врз грбот на граѓаните нека одат во СВР за оваа процедура да заврши брзо и без пречки“, рече Бесарта Рамадани, Портпаролка на општина Тетово.

Додека општина Тетово постојано бара дозвола за поставување на семафори на оваа крстосница, од тетовската полиција велат дека општината треба што поскоро да ги постави.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button