ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Врховниот суд ја отфрли жалбата на Груевски за „Парцелите на Водно“

Врховниот суд ја одби жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Парцели на Водно“. Беше заклучено дека жалбата на Груевски за должината на казната затвор од 7 години нема основ. Неговото барање за вонредно преиспитување на жалбата беше поднесено на 21 април 2022 година, поточно во времето кога Груевски сè уште немал поднесено жалба на првостепената пресуда. Апелација ја потврди висината на казната во февруари годинава.

„Парцели на Водно“ е единственото кривично дело за коешто е осуден, а кое го спречува Груевски евентуално да се врати во државата, бидејќи другите случаи против него беа укинати или застарени благодарение на последните измени во Кривичниот законик.

Ова дело се однесуваше и на барањето за принципиелен став за враќање на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година, барање кое самиот предлагач го повлече. За отфрлањето на ова барање и за јавното алармирање дека чувствува политички притисок, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми се најде на тапет во Судскиот совет. Оттму почнаа постапка за утврдување нејзина одговорност. Комисијата се очекува да заседава на крајот на месецот, а Адеми претходно изјави дека сака средбата да биде отворена и за медиумите.

Алсат на почетокот на ноември објави дека поради транспарентност пред медиумите, Адеми може да бид еповикана на одговорност, поточно разрешување, иако нејзините изјави во медиумите не се вистинската причина за тоа, туку постои сомнеж дека тоа е нарушувањето на политичката математика за враќање на Груевски.

Потребата од транспарентност беше истакната и во последниот извештај на евалуациската мисија во Судскиот совет, каде излегоа 40 препораки, а во извештајот беше истакнато дека не е потребно присуство на претседателот на Врховниот суд на седницата на Советот. И покрај ваквата препорака на експертите, барањето одговорност од неа се заснова и на тоа што Адеми не се појавила на средбата.

Референтната комисија треба да ги сослуша странките, предлагачот на иницијативата и субјектот во постапката за разрешување или одговорност. По ова процесно дејствие, извештајот оди до Судскиот совет каде членовите ги изрекуваат, предлагаат и гласаат мерките против Адеми. На постапувањето на советот и иницијативата за докажување на одговорност на Адеми реагираа и дипломатските претставници во земјава. На крајот на октомври Адеми оствари работна средба со американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер. Од неа доби поддршка за досегашната работа и добиените оценки како најуспешен суд во време кога судството се соочува со најмал кредибилитет од граѓаните.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button