ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времено нема да има етничка припадност во изводите

Повеќе нема да има графа за националност во изводите од матичната книга на родените, венчаните или умрените. Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција, а до донесување на одлуката, оспорените членови ќе бидат под привремена мерка.

Иницијативата за проверка на уставноста дојде од партијата Левица во време кога Уставниот суд ја оценуваше уставноста на административното упатство за етничка припадност во изводите од матичната книга на родените донесено од министерот за правда, Кренар Лога. Највисокиот суд во државата одлучуваше за привремената мерка, а сега со замрзнувањето на одредбите од Законот за матична евиденција, Лога е блокиран и не може да носи нови упатства за етничката припадност. Законот за матична евиденција во членовите 4, 11 и 13 го дефинира декларирањето на етничката припадност во изводите.

Закон за матичната книга на родените, член 4:

„Во матичната книга на родените лица се запишани податоците на родителите на роденото лице: име и презиме (за мајката и моминското презиме), ден, месец, година и место на раѓање, државјанство, националност, матичен број, адреса и број на живеалиште.“

При носењето на упатството Лога се повика токму на овие одредби од 1995 година. Но, задоцнетото објавување во Службениот весник го оневозможи исполнувањето на оваа обврска, иако без упатство, законот предвидуваше и обврзуваше таков податок. Потоа Лога најави нови упатства кои би се однесувале само на изводите од матичната книга на родените, но досега не е донесен таков подзаконски акт.

Етничката припадност во последно време е предмет на злоупотреба главно во постапките за вработување во јавни претпријатија и манипулација со балансерот како механизам кој регулира правична и соодветна застапеност во институциите.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button