ЗДРАВСТВО

Власта ќе ги остави лекарите-специјализанти без работа?

До крајот на декември стотици лекари-специјализанти со партиципација ќе останат без работа. До тогаш ќе ја завршат специјализацијата на државните клиники каде сега за работата што ја работат добиваат по околу 150 евра, што е помалку и од просечната плата. Немаат статус на вработени во клиниката и од малкуте пари што ги добиваат, им се запираат и 10% за персоналниот данок. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека се преговара со Министерството за финансии, во спротивно ќе ги изгубат како квалификуван кадар. Тој смета дека ако специјализантите не влезат веднаш во системот, повеќето ќе ја напуштат земјата.

Од Здружението на приватни лекари специјализанти алармираат дека Владата ги запоставува иако се дефицитарен кадар. Тие немаат друг излез освен со скапоцените дипломи да заминат во странство. Во моментов има 600 такви со статус на чекање, од кои 90% сакаат да се вработат во С Македонија било во државното или приватното здравство.

Ако за десетина денови колку што остануваат до крајот на годинава, министерот за финансии Фатмир Бесими не даде зелено светло, државава потенцијално ќе остане без цела генерација стотици лекари-специјалисти.

Претставници на Министерството за финансии остварие средба со Фондот за здравство, но утре ќе има средба и на министерско ниво. Потоа на последната владина седница за оваа година што ќе се одржи во вторник се очекува овој проблем евентуално да има епилог.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button