ВЕСТИЗДРАВСТВО

Продолжува штрајкот на приватните специјализанти, за в понеделник најавен протест пред Здравство

Штрајкот на приватните специјализанти не запира. На денешниот четврти ден од генералниот штрајк беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти и беше најавен протестот што ќе го одржат во понеделник.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, во изјава до медиумите испрати охрабрување до сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнуваат на притисоците од клиниките и да издржат во борбата.

„Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши“, изјави таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button