СПОРТФУДБАЛ

Мбапе на најдобар можен начин го прослави 25. роденден

Париз Сен Жермен оствари триумф (3-1) над Мец и со пет бода предност пред Ница ќе ја стартува 2024 година, во трката за нова шампионска круна во Франција.

Килијан Мбапе на најдобар можен начин го прослави 25. роденден, постигнувајќи два гола на овој меч. Во листата на стрелците се запиша и Витиња, кој го отвори резултатот во 49.минута, додека за Мец стрелаше Метие Удол.

Ница исто така славеше победа (2-0) против Ленс. Двоен стрелец беше Терефас Мофи.

Монако е на третата позиција, со седум бода негатива во однос на ПСЖ. „Кнезовите“ на гости го победија Тулуз со 1-2. Висам Бен Једер беше двоен стрелец за Монако.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button