ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ не стравува од навите на опозицијата за ново парламентарно мнозинство

ДУИ не гледа опасност од најавите на опозицијата за ново парламентарно мнозинство. Според портпаролот на оваа партија, Бујар Османи, парламентарното мнозинство е стабилно, а има и други прашања што треба да се решат.

„Парламентарното мнозинство е стабилно, имаме блиска соработка, имаме взаемна доверба и имаме многу зафатена агенда. Навистина немаме време да се дефокусираме со прашања што не се во интерес на граѓанинот“, изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

Но, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и денеска го најави новото мнозинство. На прашањето зошто никој од парламентарните партии не ги потврдува преговорите со него, Мицкоски вели дека не е наивен да каже со кого разговара.

Опозицијата од редовите на Албанците не ја исклучува можноста да бидат дел од новото парламентарно мнозинство, но велат дека во моментот тие не се во преговори со ниту еден политички субјект. Нивните црвени линии се против ДУИ, додавајќи дека нивните информации покажуваат дека мнозинството нема 61 глас и дека има големо незадоволство во парламентарното мнозинство. Исто така бараат предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button