ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ објави конкурс за избор на совети и претседатели на ограноци

ДУИ објави конкурс за избор на совети и претседатели на ограноци

ДУИ објави конкурс за избор на повеќе локални совети и претседатели на партиски ограноци. Ејуп Рустеми, од Организацискиот совет за партиските избори во ДУИ, за Алсат истакна дека во моментов отворен е конкурс за избор на претседатели во само 10 ограноци, главно каде ДУИ загуби на локалните избори на 17 октомври минатата година.

„Изборната комисија на Демократската унија за интеграција на состанокот одржан на 19.05.2022 година во Тетово, објави Јавен повик за избор на кандидати за членови на претседателството, за претседател на огранок и кандидати за членови на претседателството на локалниот совет и кандидати за претседател на Локалниот совет на ДУИ во ограноците на Тетово, Гостивар, Теарце, Желино, Боговиње, Студеничани, Врапчиште, Брвеница, Долнени и Чашка“, велат од ДУИ.

По објавувањето на Конкурсот, започна објавувањето на кандидатурите, главно за најголемите ограноци. За Тетово кандидатурата ја објави најпрвин директорот на Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети, а потоа и државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири.

„Во одредениот рок и формално ќе ја поднесам мојата кандидатура до партиската изборна комисија, додека пред вас, почитувани сопартијци, во терминот определен за кампањата ќе ја претставам мојата визија за функционирање на тетовскиот огранок“, изјави Фатон Ахмети.

„Од прелиминарната консултација со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и со барање и поддршка на политичката актива ќе ја поднесам мојата кандидатура за претседател на тетовскиот огранок во наредните денови“, рече Валмир Азири.

Сè уште не се знае дали актуелниот претседател на огранокот, Флорин Бесими, ќе се кандидира во Тетово. Тој е под судска истрага по пожарот во модуларната болница бидејќи тогаш ја извршуваше функцијата директор на Клиниката. На 21 декември 2019 година се одржа четвртиот конгрес на ДУИ на кој Али Ахмети доби уште еден мандат. Но, тогаш беа избрани само неколку органи на партијата, не и целата структура.

Затоа, прославата за 20-годишнината од формирањето на партијата, очигледно, ДУИ ќе ја направи без генерален секретар и без потпретседатели.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button