ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Патот Скопје – Блаце прооден, но отворете очи за можни нови одрони!

Патот Скопје – Блаце прооден, но отворете очи за можни нови одрони!

Една недела по големите одрони на камења на патниот правец Скопје-Блаце, сообраќајот се одвива со внимание. Сега, откако граѓаните се вратија од продолжениот викенд од Косово, Албанија и Црна Гора, немаа пречки во движењето бидејќи двете коловозни ленти се отворени. Но, освен сигнализацијата, ништо друго не е ставено како превенција од други евентуални одрони.

„Околу илјада кубни метри одронети камења беа отстранети од патот од Скопје кон Блаце. Во моментот сообраќајот се одвива по две ленти, но според надлежните, постои опасност од нови одрони, па преку сигнализација возачите се известуваат да внимаваат додека возат по овој пат“.

Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопштија дека на овој патен правец има 7 потенцијални точки за одрони како резултат на силната ерозија на почвата кои континуирано предизвикуваат проблеми. Но, се чека евентуалното ново лизгање на земјиштето да заврши, почвата да се стабилизира, па потоа да се преземат мерки за санација на страничните банкини.

„Не можеме да преземеме дополнителни мерки додека не бидеме сигурни дека нема да има нови одрони. Откако го расчистивме патот, го обезбедивме со знаци. Да видиме и други можни тектонски движења на камениот масив од десната страна кон Косово. Доколку има потреба ќе поставиме заштитна мрежа“, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Одронот од минатиот вторник е аларм за надлежните да ја забрзаат изградбата на новиот автопат Скопје-Блаце, проект кој се најавува со години. Сега кога се реализира изградбата на првиот сегмент од 2 километри, роковите се прекршени и сè уште не се започнати работите за продолжување на останатите 10 километри кои би биле поврзани со кружниот тек на влезот на Скопје кај Момин Поток.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button