ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меѓународниот пат Струга – Ќафасан како селски друм

Меѓународниот пат Струга – Ќафасан како селски друм

И ова лето сите оние ќе летуваат на албанското приморје ќе патуваат по небезбеден пат кој води кон граничниот премин Ќафасан. Недоволно одбележан и полн со дупки, патувањето по него претставува ризик не само за туристите, туку и за жителите од околните населени места.

„Има пет-шест години како што кажуваат – сега ќе го правиме патот, оваа година, но гледате како е. Срамота е вака да биде овој пат иако ова е меѓународен пат кој ја поврзува Македонија со Албанија.“

„Како што оди времето, уште долго време ќе биде вака. Ризичен е многу патот. Кога ќе врне и на зима тогаш е многу тешко за возење и дупките се отвораат од дождот и цело време не се гледаат дупките. Не е одбележан воопшто. Ни линија се познава ни ништо.“

„Патот е целиот уништен, иако овој пат е главниот за транспорт со Албанија, со пристаништето во Драч, како и со Бугарија, Турција. А, сега гледам дека сите веќе одат преку Косово бидејки Косово направи автопат. Кој губи? Државата губи. Јас живеам во Швајцарија, но она што го гледам не е исто, туку е сè полошо од година во година“, изјави еден иселеник во Швајцарија.

„Бројни беа ветувањата на државата изминатите неколку години, дека ќе се реконструира патот кој води кон граничниот премин Ќафасан со соседна Албанија. Но, од ветувањата останаа само ветувањата. И денес екипата на Алсат забележа бројни автомобили кои се враќаа или одеа кон Албанија, бидејќи денеска е неработен ден.“

За рехабилитација на овој пат со должина од 19 км обезбедени биле 8 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, велат дека од Јавното претпријатие за државни патишта. За оваа делница, како и за рехабилитација на 5 други патни правци, објавен бил тендер за градежни работи. Во тек била евалуација на пристигнатите понуди.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button