МАКЕДОНИЈА

ДУИ утре ќе претстави 18 кандидати за градоначалници

Претседателот Али Ахмети на утрешното Централно претседателство на ДУИ, што ќе се одржи во Гостивар, ќе претстави 18 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, најави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Advertisements

-Сите имиња се проверени на бројни анкети што се спроведувани неколку месеци и ја имаат огромната поддршка од сите граѓани во нивните општини. Затоа се кандидати, затоа што ќе бидат и победници и затоа што граѓаните се задоволни од нивната работа. Очекуваме сите тие да бидат победници, повеќето во првиот круг, а многу малку во вториот круг, рече Груби во одговор на новинарско прашање на означувањето на завршетокот на инвестицијата за реконструкција на пазарот Бит-пазар во Скопје.

Тој нагласи дека граѓаните согласно нивните убедувања ќе одлучат за кого да го дадат својот гласот во вториот круг, доколку има општина во која ќе се натпреваруваат кандидати од ДУИ и БЕСА, и порача дека очекува тоа ретко да се случи.

Прашан каква кампања очекува од политичките противници, Груби рече дека станува збор за многу несвојствена коалиција.

-На социјалните мрежи ја нарекуваат коалиција 27. Тоа е коалиција на поделби, а не е на заедништво, коалиција на Скопје 2014, а не на едно цело и заедничко наше Скопје. Едвај чекам да го видам денот кога сите гласачи на Алијанса со цело свое срце, ентузијазам и љубов ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и Христијан Мицкоски и обратно сите патриоти на ВМРО-ДПМНЕ, сите кои влегоа на 27 април во Собранието и сите што го поддржуваат Скопје 2014 ќе гласаат со големо убедување и цело срце за Зијадин Села и Алијанса, рече Груби и додаде дека едвај чека да дојде 17 октомври.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button