ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царовска: Ниту еден ученик не се заразил во училиште

Ниту еден ученик не се заразил во училиште и нема интерна трансмисија, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на Основното училиште „Ацо Шопов“ во Радишани, општина Бутел.

Таа не сакаше да коментира за кои училишта со позитивни случаи станува збор и потенцира дека епидемиолошките служби се на терен и постапуваат.

– За јавноста е битно да знае дека во изминатиот ден имавме 14 позитивни случаи. Тоа е само 0,01 процент од вкупниот број ученици. Кои училишта, кои деца или кои наставници, знаат надлежните служби. Покажување со прст на ученик или школо, нема да донесе добро никому. Во моментов, со физичко присуство, настава посетуваат над 233.000 ученици во државата. Посакувам тој процент на заразени да остане во периодот кој следи, истакна Царовска, која потенцира дека единствениот и најдобар пристап кој може да го примениме во оваа пандемија е физичко присуство со почитување на протоколите.

Царовска додаде дека министерството, општините и училиштата се подготвени за промена на моделот во секој момент ако тоа биде потребно.

Таа уште еднаш апелираше наставниците и учениците да се придржуваат до протоколите оти само на тој начин може да се одржи наставата со физичко присуство. Царовска информира дека редовно има координација со директорите на училиштата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button