
Новите избори за германскиот парламент, Бундестагот, треба да се одржат на 23 февруари 2025 година. Според информациите на јавниот сервис АРД, за тој датум се договориле пратеничките групи на СПД и опозициските демохристијани (ЦДУ/ЦСУ). Се чини дека и либералите (ФДП) и Зелените очигледно го поддржуваат предлогот што треба да ја реши кризата на германската влада, пишува Дојче Веле.
Така, по распадот на таканаречената владејачка „семафор-коалиција“ составена од СПД (црвени), Зелените и либералите (жолти), конечно беше постигнат договор за датумот за предвремени избори.
Се проценува дека на тој предлог нема да се спротивстави претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер. Имено, тој ја носи конечната одлука за датумот на изборите.
Извор: Дојче Веле