РЕГИОН
Два земјотреси со јачина од 4,6 и 4,9 степени ги погодија Крит и Атина

Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција, информира Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ). Првиот e со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала и го погоди островот Крит, во близина на градот Ситиа. Вториот е со почувствуван кај градот Тива во близина на Атина.
Според податоците на грчкиот Геодинамичен институт на Националната опсеваторија, земјотресот на Крит се случил утрово околу 9 часот, а вториот половина час подоцна со епицентар на четири километри југозападно од градот Тива во близина на Атина.