РЕГИОН

Двајца полицајци од Бугарија загинаа во обид да запрат автобус со мигранти

Двајца полицајци од Бугарија загинаа при обид да запрат автобус со мигранти кој илегално влегол во земјата. Инцидентот се случил утрово во 5 часот при потера по автобусот со мигрантите во градот Бургас.

Advertisements

Возачот на автобусот кој пренесувал мигранти не застанал на два последователни контролни пункта на граничната полиција, а потоа влегол во населено место. Полицајците се обиделе да му го попречат патот со автомобил, но тој не застанал, удрил во автомобилот, го прегазил и потоа удрил во автобуската постојка.

Двајцата полицајци во автомобилот загинале на местото на настанот, по што е покрената истрага за инцидентот.

Во автобусот се превезувале 47 мигранти чија националност не е потврдена, а меѓу нив имало мажи, жени и деца. Никој од нив не е повреден. Мигрантите биле превезувани од двајца Сиријци кои имале хуманитарен статус во Бугарија. Еден од нив е приведен на местото на настанот, а по другиот трага бугарската полиција.

На местото на несреќата во Бургас пристигна бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев, според кого, одговорноста за инцидентот е на Граничната полиција, а за ова побарал оставка од нејзиниот заменик-директор Дејан Молов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button