РЕГИОН

Двајца повредени во пукање во ресторан во Белград

Две лица се повредени во пукање што се случило ноќеска во ресторан во Белград.

Advertisements

Како што пренесуваат српските медуми, пукањето се случило четири часа по полноќ на улицата „Кнез Данило“ во белградската општина Палилула.

Повредените лица биле пренесени во Ургентниот центар во Белград и се надвор од животна опасност. Едниот од повредените бил ранет во потколеница и во болница бил пренесен од пријател со приватен автомобил. Неколку минути подоцна со приватен автомобил било донесено и другото лице кое имало повреди на вратот и на раката.

Неофицијално, како што пренесуваат медиумите, полицијата трага по напаѓачите, а истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Белград.

Инаку, според пишувањата едниот од повредените е поранешниот германски боксер Марио Дасер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button