ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Двајца загинати и тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Росоман

Две лица загинаа, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на патот од Прилеп кон Градско, кај Росоман. Првичните информации за настраданите и повредените во несреќата за МИА ги соопшти доктор Ратко Грков, раководител на Итната помош во Кавадарци.

„Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена кои беа подготвени да помогнат во секој момент“, изјави Грков.

Смртта кај двете лица, според информациите, била констатирана на самото место.

На терен интеревнирала и Територијалата противпожарна единица од Кавадарци со две возила и шест пожарникари.

Според првичните информации, до несреќата дошло при верижен судир на четири возила.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button