Движењето на Меџити и ААА со реакција за албанските паралелки во Велес
Движењето на Меџити и ААА со реакција за албанските паралелки во Велес

Опозициските партии сметаат дека одбивањето на учениците Албанци да се запишат во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес докажува дека омразата кон Албанците е помоќна од загарантираното право за образование на мајчин јазик. „Не само тоа, туку и четворица професори Албанци се избркани од оваа гимназија, а 10 ученици Албанци се принудени да се запишат во македонски паралелки. И овој скандал покажува дека проблемите во албанското образование во Македонија од година во година само се зголемуваат и покрај тоа што во моментов министерот за образование и неговиот заменик се Албанци“, стои во реакцијата на Демократското движење. Партијата Алтернатива оцени дека Македонија сè повеќе се враќа на српски полигон за да експериментира со албанското образование. „Како и на почетокот на ‘90-тите, кога отворањето на албанска паралелка во училиште беше вест на годината, во Велес ова се случува во 2023 година, кога имаме министер кој се идентификува како Албанец, кога на власт е партија која неколку пати имаше министри Албанци за образование и друга партија која се нарекува албанска. Сепак, сето ова не е доволно за да се отвори албанска паралелка во Велес, но и во Битола, каде што учениците Албанци веќе неколку години учат на македонски јазик, наведуваат од партијата. /Алсат.мк