ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДЗС извршува кривично дело, ОЈО да отвори случај, велат од коалицијата Алијанса – Алтернатива

Од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека Државниот Завод за Статистика денес информирал дека нема да започне пописот на терен, иако веќе според законот на сила пописот започнал, и со ова извршува кривично дело.

„Ова одбивање за да се спроведе законот е силен удар врз принципот на правна сигурност, како основен концепт на правна држава.  Го повикуваме Обвинителството итно да ги преземе потребните мерки за зачувување на правната држава и владеењето на правото,  со тоа што ќе поднесе обвинение против Директорот и Заменик Директорот на Државниот Завод за Статистика“, велат од АА-ААА во испратеното соопштение до медиумите.

Тие потсетуваат и на законот односно членовите 16 и 18.

Член 16-Државниот Завод за Статистика се грижи за законитоста при подготовката,  организацијата и реализацијата на пописот во согласност со одредбите на овој закон и врши надзор над работата на лицата-учесници на пописот.

Член 18 – Во рамките на нивните надлежности утврдени со закон, во вршење на одредени пописи учествуваат:

1. Министерство за одбрана;

2. Министерство за правда;

3. Министерство за труд и социјална политика;

4. Министерство за надворешни работи;

5. Агенција за катастар на недвижнини и други носители на прибирање податоци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button