МАКЕДОНИЈА

ДЗС: Во тек се технички усогласувања, попишани повеќе од 200.000 граѓани за четири дена

Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на цела територија на Северна Македонија на 5 септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните. Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 граѓани, информираат денеска од Државниот завод за статистика.

Advertisements

ДЗС изразува благодарност до сите граѓани кои свесни за важноста од спроведување на оваа најобемна статистичка операција, се конструктивен партнер во процесот.

– Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет, се вели во соопштението од ДЗС.

Од ДЗС, посочуваат дека досегашната динамика на попишувањето на терен е гаранција дека заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button