РЕГИОН

Еден ден пред парламентарните избори во Косово, процесот на гласање во дипломатските претставништва заврши

Еден ден пред парламентарните избори во Косово, процесот на гласање во дипломатските претставништва заврши

Граѓаните на Косово кои живеат во дијаспората гласаа во дипломатските претставништва за парламентарните избори на 9 февруари. Гласањето се одвиваше во 16 амбасади и 14 конзулати во 19 земји низ целиот свет. Најголем процент на излезност има во косовската амбасада во Берн, Швајцарија, каде што граѓаните чекаа ред за гласање.

Долги редици за гласање се забележани и во други европски земји.

Во меѓувреме, во раните утрински часови, Амбасадата на Косово во Скопје ги отвори вратите за гласање.

Меѓу амбасадите каде што дијаспората го користи правото на глас за избори во Косово, е и Амбасадата на Косово кај нас.

Вкупно 55 лица се пријавиле за гласање во косовската амбасада во Скопје, додека многу други граѓани утре ќе патуваат во Косово за да го искористат своето право на глас.

Ова е првпат припадниците на дијаспората да гласаат физички во дипломатските претставништва на Косово. За гласање во дипломатските претставништва на Косово се регистрирани 20.324 гласачи. За парламентарните избори на 9 февруари, повеќе од 2 милиони гласачи имаат право да гласаат во и надвор од Косово. Од 9 јануари до 8 февруари дијаспората можеше да гласа и по пошта. ЦИК претходно објави дека 104.934 гласачи се регистрирале да гласаат надвор од Косово и 84.525 од нив избрале да гласаат по пошта.

„Се е направено, се помина добро, се е подготвено. „Тоа значи дека утре процесот ќе започне навреме и ние направивме сè”, рече Крешник Радониќи, претседател на ЦИК.

Во трката за новиот парламентарен состав има 28 политички субјекти и еден независен кандидат. Овие гласови ќе го изберат новиот состав на 120-членото Собрание, а потоа пратениците ќе ја изберат новата Влада. Актуелната влада во Косово е предводена од Албин Курти, лидер на Движењето Самоопределување. Ова се први редовни избори што Косово ги одржува од прогласувањето независност. Досега во земјата се одржаа голем број предвремени избори./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button