ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Една жртва и 18 нови случаи на ковид 19 во последниве 24 часа

Стабилизацијата на состојбата со ковид 19 веќе се рефлектира на бројот на жртви. Во последните 24 часа едно лице почина како резултат на ковид 19. Бројот на позитивни случаи е 18 од 2.411 тестирани лица, додека бројот на излекувани е 31 лице.

Вакцинацијата на граѓаните со прва доза продолжува да се движи со бавно темпо поради недостаток на вакцини. 500.000 кинески „Синовак“ вакцини според најавите требаше да пристигнат во текот на оваа недела, меѓутоа од Министерството за здравство се без одговор дали има информации или други рокови за нивно пристигнување. Бројот на вакцинирани граѓани досега е 252.537 од 446.195 пријавени.

Од вкупниот број на вакцинирани, 168.284 примиле и втора доза на вакцина. 48% од населението постаро од 70 години примило барем една доза, 42% од граѓаните над 65 години исто така се вакцинирани со најмалку една доза, додека возраста над 60 години е 35% имунизирана. Вчера пристигнаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од турската држава. За 100.000 дози Фајзер преку системот Ковакс сè уште не се знае кога ќе пристигнат, додека нема информации за датумот на пристигнување на руската вакцина Спутник В.

Колективен имунитет, или со други зборови, вакцинација на 70% од граѓаните според предупредувањата се очекува да се случи до крајот на летото. Сегашното темпо на вакцинација не ја фаворизира прогнозата на властите дека до крајот на летото, повеќето граѓани ќе бидат вакцинирани.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button