ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Едно лице загина во пожар во станбена зграда во Хром

Еднo лице загина во пожарот што утрово нешто по 9 часот избувна во стан на улица Исаија Мажовски во скопската населба Хром.

Интервенираше противпожарната бригада на Град Скопје со три противпожарни возила, а гореше на четвртиот кат од петкатницата.

На местото беа распоредени и екипи на итната медицинска помош, но првичните информации говорат дека нема други повредени лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button