РАКОМЕТСПОРТ

ЕХФ, Македонија на 19-та позиција на најновиот ранкинг

Македонската ракометна репрезентација со 98 поени, се најде на 19. позиција на најновиот ранкинг на ЕХФ објавен денеска. На минатиот ранкинг објавен на крајот на јуни минатата година, Македонија беше на 18. позиција.

На најновиот ранкинг, Данска остана првопласирана и покрај тоа што загуби во финалето на ЕП одржано минатиот месец. Сега второпласирана е селекцијата на Франција, која го освои златниот медал. Трета е Шведска, а во ТОП 10 се и репрезентациите на Германија, Шпанија, Норвешка, Унгарија, Исланд, Хрватска и Словенија.

Македонија од вториот шешир ќе ги чека ривалите за следното Европско првенство во 2026 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button