ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Расте бројот на претставки пред Народниот правобранител за доцнењето со новите лични документи

Тим на Народниот правобранител ќе го посети МВР да изврши увид како функционира издавањето на лични документи. Во меѓувреме расте бројот на претставки пред Народниот правобранител еднакво на притисокот на шалтерите. Граѓаните се жалат на бројни прекршувања на нивните права. Зибери ги повикува сите кои се засегнати да се обратат во канцеларијата на Омбудсманот за да добијат правна помош и поддршка.

Во моментов за промена на патни исправи чекаат 650 илјади граѓани кои на располагање имаат пасоши со старото уставно име.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button